Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јули годинава е намален за 0,4 отсто во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2009 година бележи пораст за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика намалување на индексите во јули годинава во однос на јуни е забележано во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1,3 отсто, облека и обувки за 0,6 и транспорт за 0,4 отсто. Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај рекреација и култура за 1,7 отсто, здравје за 1,4, останати стоки и услуги за 0,4, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто, исто како и кај мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и ресторани и хотели. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите алкохолни пијалаци, тутун, комуникации и образование...
Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јули годинава е намален за 0,4 отсто во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2009 година бележи пораст за 1,5 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика намалување на индексите во јули годинава во однос на јуни е забележано во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1,3 отсто, облека и обувки за 0,6 и транспорт за 0,4 отсто.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај рекреација и култура за 1,7 отсто, здравје за 1,4, останати стоки и услуги за 0,4, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто, исто како и кај мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и ресторани и хотели.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите алкохолни пијалаци, тутун, комуникации и образование.
Според статистиката во јуни за 3,7 отсто поголема е продажба и откуп на земјоделски производи во однос на истиот период лани. Вредноста на вкупниот откуп на земјоделски производи во јуни годинава достигна 550 милони денари.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 24 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 9 отсто.
Зголемување на вредноста на вкупниот откуп е забележано кај групите полјоделство, овоштарство и лозарство и сточарство, а намалување е забележано кај другите групи земјоделски производи.